Latest topics
» Grand Theft Auto 4 и на PC
Сре Jул 30, 2008 3:44 pm by Cyber lord

» Red Alert 3 System Requirements
Вто Jул 29, 2008 9:30 pm by Cyber lord

» GamingMK Official YouTube Channel
Вто Jул 29, 2008 1:38 pm by Cyber lord

» E3 Awards
Вто Jул 29, 2008 8:41 am by Cyber lord

» Слики од новиот PSP
Пет Jул 25, 2008 11:09 am by Cyber lord

» Belief & Betrayal
Чет Jул 24, 2008 2:14 pm by А1Team

» Microsoft DirectX 11
Чет Jул 24, 2008 9:14 am by Cyber lord

» Pro Cycling Manager: Tour de France - Демо
Сре Jул 23, 2008 2:15 pm by А1Team

» Project Origin Fact Sheet
Саб Jул 19, 2008 2:17 pm by Cyber lord

Декември 2008
ПонВтоСреЧетПетСабНед
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031    

Calendar Calendar

Statistics
Постојат b>353 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Brawlerr

Нашите членови се испратиле точно 771 мислења in 185 subjects
Top posters
Cyber lord
 
А1Team
 
HyPNoTiCk
 
equalizer
 
Bate
 
AceBoy
 
mirce
 
AleksandarGvGXxX
 
dimitar_11
 
Tyler
 

Belief & Betrayal

Чет Jул 24, 2008 2:14 pm by А1Team

Авантурите се привлечни и забавни за играње, особено кога содржат мистерија.

Инспирирана од религизниот трент, кој последниве години владее во светот, Belief & Betrayal се обидува да ви понуди играње што содржи и едно такво искуство. Но, слабиот ангажман на тимот што стои зад оваа игри ни нуди потпросечна игра која разочарува на секој план.

Очигледно нема бегство од феноменот на „Да Винчи-кодот“. Новелите за античките христијани ги полнат книжарниците последните три години, благодарение на Ден Браун. А овој тренд продолжи и во светот на видео игрите. Артматик ентертејмент презентира уште една католичка завера во Belief & Betrayal, со лефтерно кликување на маусот ќе влегува во разни афери од кои некако успева да се сплетка јазол кој е посмешен од тој на Браун. Имаме апсурдно сценарио, иритирачки синхронизирани гласови, како и бесконечен лов на пиксели и ловот за тајна што била скриена 2.000 години.
Играта ве ставува во улога на Џонатан Дантер, репортер за списанието Менхетн Мирор, кој е вовлечен во уште една истрага на потресна тајна, која католичката црква ја крие од остатокот на светот. Пред да можете да кажете „Витези Темплари“, овој новинар и неговата новооткриена група другари кои се членови на таинствената организација од Ватикан, наречена „Наследство“, која ја пребарува Земјата со цел да го пронајдат Макгафин наречен Имаго Санктисимус, мистериозниот антички артефакт, кој очигледно може да даде одговор на сите прашања. Голем дел од заплетот нема смисла, почнувајќи од бизарниот почеток кога Дантер ќе ја напушти својата работна задача во Мајами и веднаш ќе се најде на првиот лет за Лндон, откако ќе добие телефонски повик од детектив од Скотланд Јард, кој го информира дека неговиот живот е во опасност. Дантер не остава впечаток на реална личност. Тој се смее кога ќе дознае дека неговиот чичко Френк не е навистна мртов, туку дека е шпион за Ватикан кој неодамна бил убиен во серија бизарни ритуални убиства. Би помислиле дека вакви изненадени информации би предизвикале шок, но Дантер продолжува со своето несериозно однесување.

Дантер мора да е еден од најиритирачките протагонисти што сме имале можност да ги видеме во видео игра. Тој очигледно треба да биде некаков мачо-репортер, но остава впечаток на здодевен тинејџер. Ни неговиот ужасен глас не помага многу, особено кога голем дел од неговите реплики се изговорени толку брзо што мислите дека актерот кој го синхронизирал се брза некаде. Една од особините кај оваа игра што е ок е можноста повремено да превземете контрола врз партнерите на Дантер, Кат - кул шпионскиот „тип“ и Дамјан - стереотип на компјутерски бубалици. Тие се поувреливи во својата изведба. Гејмплејто не е нешто подобро во споредба со приказната на играта. Belief & Betrayal е традиционална авантура, што значи дека наликува на игра од пред една деценија. Вие водите 3Д-протагонисти низ 2Д-средина насочувајќи ги и кликајкќи на различни објекти како и кај класиките од минатото. Визуелниот стил е исто така од тој период, резолуцијата е фиксирана на 1024х768 со што се добива матна слика на еден модерен монитор. Потребните објекти за вашата потрага најчесто се скриени во теми области со што ловот на пиксели продолжува. Дури и кога ќе ги лоцирате виталните објекти, играта не ви овозможува фидбек, да ви објасни што треба да правите со нив и дали воопшто може да ги употребите.
Најчесто ќе треба да кликате на област повеќепати за да најдете скриен објект, без да знаете дали овие објеќти ви се од некоја корист. Во второто поглавје Дантер наоѓа купче ѓубре во Лондон, кое крие шише вино. Но, ова нема да го откриете преку кликање на купчето. Треба да кликнете на него за да ја надмине рекацијата на Дантер: „еј, јас не ги ставам моите раце, таму!“. За потоа да кликнете повторно и да го натпреате да претера по ѓубрето. Дури тогаш ќе го пронајде шишето. Ова е најекстремниот пример на недостигот од фидбек во играта. Секој што ја изиграл играта без проблем, заслужува награда. Единствена вредна одлика на Belief & Betrayal е контровезната приказна.



Comments: 0

Влез

Си ја заворавив лозинката!
 
Маркетинг
Доколку сте заинтересирани да размениме банер. Пишете ни на мејлот:
kuzmanov_boris@kabelnet-tv.com.mk



Барај
Барајте Игри за симнување:
 

Respect Copyrights

„Gaming MK“ - Првиот македонски gaming форум
This work is lincesed under a Creative Commons Attribution - NonCommercial - NoDerivs 2.5 License